Не ти треба уште еден план. Ти треба проверен систем што носи резултати.
Персонализирано водење на исхрана и тренинг за мажи и жени кои сакаат да се чувствуваат самоуверено и сигурно во своето тело.
300+ Успешни Трансформации
Тренираш со месеци
а телото изгледа исто?
Се трудиш секој ден, пробуваш различни програми, но кога ќе се погледнеш во огледало, напредокот повторно го нема. Проблемот најчесто не е во твојата генетика, туку во тоа што немаш јасна структура и систем кој те води чекор по чекор до твојата цел.
ГЕНЕРИЧКИ ПРОГРАМИ
Следиш план, но не е направен индивидуално за тебе.
НЕМАШ МОТИВАЦИЈА
Имаш мотивација неколку дена па пак се враќаш назад.
ПРОБУВАШ РАЗЛИЧНИ РАБОТИ
Не гледаш резултати и почнуваш да се сомневаш во себе.
Проблемот НЕ СИ ТИ. Проблемот е што никој не ти покажал како преку систем што функционира.
Стани верзијата
што ја заслужуваш
Онлајн менторството е најбрзиот и најефективниот начин да дојдеш до посакуваниот изглед.
Резултати што го
менуваат животот
И тие беа на истото место каде си ти, но успеавме ,,заедно".
Работи со мене. Трансформирај се
еднаш и засекогаш.
Јас ти давам јасен систем, неограничена поддршка и те носам до резултатот. Избери го твојот пат.
Онлајн Менторство
Комплетен систем за трансформација те води до резултатот кој го посакуваш.
- Неделна анализа и корекции
- Детален план за тренинг со видеа
- Системи за следење напредок и едукација
- Директна комуникација преку вибер
- Персонализиран план за исхрана
- Листа на чекање поради ограничен број на места и многу пријави.
Персонален тренинг 1 на 1
Директна работа со мене во сала за максимални резултати и фокус.
- Персонализиран план за исхрана
- Тренинзи со мене во живо
- Поддршка надвор од тренинзите
- Директна работа за максимален напредок
Како изгледа процесот
на менторирање
Јас ти давам јасен систем, неограничена поддршка и те носам до резултатот. Избери го твојот пат.
1. Консултација
Правам детална анализа на твојата моментална состојба, можности, здравствени проблеми и цели.
2. Индивидуален план
Го креирам планот кој на тебе ќе ти ги донесе најоптималните резултати за најбрзо да стигнеме до целта.
3. Следење и поддршка
Секојдневна комуникација директно со мене, прилагодување во плановите и детално водење низ процесот.
Дали е ова баш за тебе?
Ова не е за секого. Ова е за тие што сакаат резултат.
Се препознаваш тука?
- ✕ Пробуваш различни програми, но резултатите не се видливи.
- ✕ Следиш туѓи планови што не се направени за тебе.
- ✕ Се чувствуваш изгубено во теретаната, без насока.
- ✕ Не знаеш како да се храниш и што точно треба да јадеш.
А го сакаш ова?
- ✓ Да следиш систем што е креиран според твоето тело и твојот живот.
- ✓ Да развиеш структура што носи долгорочен напредок и резултати.
- ✓ Да имаш поголема самодоверба и да се чувствуваш поубаво во своето тело.
- ✓ Да имаш тело што изгледа силно, здраво и привлечно.
Мојата специјализација е
твојата трајна промена
Фокус на резултати што не се губат по 2 месеци.
Трајно слабеење без рестрикции
Намалување масти и килограми без да ги вратиш назад.
Решавање Здравствени Проблеми
Со правилен пристап кон исхрана и тренинг.
Програма создадена за тебе
Сè е базирано на твоето тело, метаболизам и моментални цели.
Трансформација на изгледот
Градиш тело што изгледа цврсто, убаво, здраво и атлетски без copy-paste пристап.
Ова е за секого.
Верувам дека можеш и ти штом си стигнал до тука
Само јасен систем што те води до резултатот кој го посакуваш.
Често Поставувани Прашања
Сè што треба да знаеш пред да започнеме.
Што го прави менторството поразлично од други програми?
Не добиваш генерички план. Програмата е комплетно персонализирана, базирана на твојата почетна точка, можности и цели, и е поткрепена со научни системи.
Како изгледа процесот на пријавување?
- Се пријавуваш преку страната — во делот ПРОГРАМИ го одбираш ОНЛАЈН МЕНТОРСТВО и пакетот којшто го сакаш, и ги оставаш своите податоци.
- Во следните 48 часа те контактирам лично и го одредуваме почетниот датум во зависност од слободниот термин.
- Извршуваш уплата за резервација на местото и со тоа твојот почеток е загарантиран.
- Потоа пополнуваш детален прашалник со над 30 прашања, од каде што добивам информации за изработка на почетниот план.
- Добиваш документи за едукација и насоки пред почеток со програмата.
- Заедно почнуваме и правиме трансформација.
Пријави се!
Дали работиш со луѓе кои имаат здравствени и хормонални проблеми?
Да, со системите на работа имам соработувано со луѓе кои имале инсулинска резистенција, хашимото, дијабетес тип 1/2, PCOS, кандида, хеликобактерија, изостанок на циклус… Сето ова може да се погледне во делот Резултати.
За кого е оваа програма?
Ова менторство е за сите луѓе кои сакаат губење на масти, градење мускулна маса, повеќе енергија, подобар живот, повеќе самодоверба и здраво тело. Без разлика дали си почетник или напреден вежбач, сето ова се адаптира според твоите тренажни и моментални способности.
Дали е менторството и за мажи и за жени?
Да, секој план е индивидуално прилагоден според личноста со која работам. Нема врска дали си машко или женско, дали имаш 25 или 55 години — можеш да почнеш и да направиш одлична промена.
Дали ова е само план за исхрана и тренинг?
Не. Ова е менторство и процес за целосна трансформација. Добиваш и јасни насоки, едукација, структура и поддршка низ процесот за да изградиш резултати кои ќе останат. Најважното нешто тука е водењето низ процесот — кога ќе има проблеми, заедно да ги решаваме и да напредуваме. Нема да си сам/а и ќе го имаш најбрзиот напредок.
Колку чини менторството?
Цената на менторството зависи од времетраењето на програмата која најмногу соодветствува на твоите цели. Можеш да избереш еден од следниве пакети:
- 8 недели 220€
- 12 недели Најпопуларно 290€
- 24 недели 490€
Дали е за секого менторството?
За оние кои сакаат сериозна промена. Работам со луѓе кои се спремни да вложат труд и да се трансформираат засекогаш. Верувам дека секој може да се промени ако се потруди и сака доволно. Исто така, трансформацијата е загарантирана бидејќи добиваш систем кој има трансформирано над 300 луѓе досега. Заедно сме во ова и се менуваме.
Зошто да ти верувам баш на тебе?
Резултатите го покажуваат своето. Ова е тоа што го живеам и она за кое имам учено и продолжувам да се едуцирам. Во работа со над 300 клиенти досега, имам сфатено што се најголемите проблеми кај луѓето и што е потребно за вистинска промена — сертификати, курсеви, едукации, книги, разни искуства и системи применети на себе. Ако ти одговара мојот начин на размислување, ставови и пристап кон целиот овој процес — Тука сум за тебе.