Трансформации

Навистина сум горд што толку луѓе досега ми имаат укажано доверба да ги водам низ процесот. Тука има мал дел од луѓе кои имале некој од овие проблеми: вишок килограми и сало, додавање мускулна маса, луѓе со инсулинска резистенција, забавена тироидна жлезда и хашимото, подобрување на перформанс, болки и дисбаланс во грбот, професионално атлетичари и спортисти.

Ова е последица од имање проверен систем кој ви носи резултат. Сакам секој клиент да биде максимално задоволен и да го постигне тоа што го сака.

Трансформација 1
Трансформација 2
Трансформација 3
Трансформација 4
Трансформација 5
Трансформација 6
Трансформација 7
Трансформација 8
Трансформација 9
Трансформација 10
Трансформација 11
Трансформација 12
Трансформација 13
Трансформација 14
Трансформација 15
Трансформација 16
Трансформација 17
Трансформација 18
Трансформација 19

Резултати што го
менуваат животот

Неопишливо е чувството кога некој ти кажe дека сум му го променил животот на подобро.

Testimonial zdravje 1
Testimonial zdravje 2
Testimonial zdravje 3
Testimonial zdravje 4
Testimonial zdravje 5
Testimonial zdravje 6
Testimonial zdravje 7
Testimonial zdravje 8
Testimonial zdravje 9
Testimonial zdravje 10
Testimonial zdravje 11
Testimonial zdravje 12
Testimonial zdravje 13
Testimonial zdravje 14
Testimonial zdravje 15

Работи со мене.
Трансформирај се еднаш и засекогаш.

Јас ти давам јасен систем, неограничена поддршка и те носам до резултатот. Избери го твојот пат.

НАЈБАРАНО

Онлајн Менторство

Комплетен систем за трансформација те води до резултатот кој го посакуваш.

  • Неделна анализа и корекции
  • Детален план за тренинг со видеа
  • Системи за следење напредок и едукација
  • Директна комуникација преку вибер
  • Персонализиран план за исхрана
  • Листа на чекање поради ограничен број на места и многу пријави.
Аплицирај за трансформација →
ПРЕМИУМ

Персонален тренинг 1 на 1

Директна работа со мене во сала за максимални резултати и фокус.

  • Персонализиран план за исхрана
  • Тренинзи со мене во живо
  • Поддршка надвор од тренинзите
  • Директна работа за максимален напредок
Закажи тренинг →

Ова е за секого.

Верувам дека можеш и ти штом си стигнал до тука

Без губење време. Само јасен систем што те води до резултатот кој го посакуваш.

Често Поставувани Прашања

Сè што треба да знаеш пред да започнеме.

Што го прави менторството поразлично од други програми?

Не добиваш генерички план. Програмата е комплетно персонализирана, базирана на твојата почетна точка, можности и цели, и е поткрепена со научни системи.

Како изгледа процесот на пријавување?
  1. Се пријавуваш преку страната — во делот ПРОГРАМИ го одбираш ОНЛАЈН МЕНТОРСТВО и пакетот којшто го сакаш, и ги оставаш своите податоци.
  2. Во следните 48 часа те контактирам лично и го одредуваме почетниот датум во зависност од слободниот термин.
  3. Извршуваш уплата за резервација на местото и со тоа твојот почеток е загарантиран.
  4. Потоа пополнуваш детален прашалник со над 30 прашања, од каде што добивам информации за изработка на почетниот план.
  5. Добиваш документи за едукација и насоки пред почеток со програмата.
  6. Заедно почнуваме и правиме трансформација.

Пријави се!

Дали работиш со луѓе кои имаат здравствени и хормонални проблеми?

Да, со системите на работа имам соработувано со луѓе кои имале инсулинска резистенција, хашимото, дијабетес тип 1/2, PCOS, кандида, хеликобактерија, изостанок на циклус… Сето ова може да се погледне во делот Резултати.

За кого е оваа програма?

Ова менторство е за сите луѓе кои сакаат губење на масти, градење мускулна маса, повеќе енергија, подобар живот, повеќе самодоверба и здраво тело. Без разлика дали си почетник или напреден вежбач, сето ова се адаптира според твоите тренажни и моментални способности.

Дали е менторството и за мажи и за жени?

Да, секој план е индивидуално прилагоден според личноста со која работам. Нема врска дали си машко или женско, дали имаш 25 или 55 години — можеш да почнеш и да направиш одлична промена.

Дали ова е само план за исхрана и тренинг?

Не. Ова е менторство и процес за целосна трансформација. Добиваш и јасни насоки, едукација, структура и поддршка низ процесот за да изградиш резултати кои ќе останат. Најважното нешто тука е водењето низ процесот — кога ќе има проблеми, заедно да ги решаваме и да напредуваме. Нема да си сам/а и ќе го имаш најбрзиот напредок.

Колку чини менторството?

Цената на менторството зависи од времетраењето на програмата која најмногу соодветствува на твоите цели. Можеш да избереш еден од следниве пакети:

  • 8 недели 220€
  • 24 недели 490€
Дали е за секого менторството?

За оние кои сакаат сериозна промена. Работам со луѓе кои се спремни да вложат труд и да се трансформираат засекогаш. Верувам дека секој може да се промени ако се потруди и сака доволно. Исто така, трансформацијата е загарантирана бидејќи добиваш систем кој има трансформирано над 300 луѓе досега. Заедно сме во ова и се менуваме.

Зошто да ти верувам баш на тебе?

Резултатите го покажуваат своето. Ова е тоа што го живеам и она за кое имам учено и продолжувам да се едуцирам. Во работа со над 300 клиенти досега, имам сфатено што се најголемите проблеми кај луѓето и што е потребно за вистинска промена — сертификати, курсеви, едукации, книги, разни искуства и системи применети на себе. Ако ти одговара мојот начин на размислување, ставови и пристап кон целиот овој процес — Тука сум за тебе.